МЗТ Скопје без репрезентативците на меѓународен турнир во Лесковац

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер ќе ја претставуваат Македонија сезонава во АБА2 лигата/Фото: kfsm.mk

Екипата на МЗТ Скопје Аеродром викендов ќе учествува на меѓународниот турнир во Лесковац, каде што ќе настапи со комбиниран состав во кој главната улога ќе ја имаат новите странски засилувања и младите сили од кои клубот очекува многу во новата сезона.

Рехабилитацијата од повредите се причина поради која во соседна Србија нема да патуваат капитенот Дамјан Стојановски, Адем Мекиќ, Кристијан Николов и Дамјан Робев, кои ќе останат во Скопје за да ги одработуваат потребните терапии за што побрзо да се вратат во тимот.

Тоа значи дека тренерот Дарко Радуловиќ од поискусните на располагање ќе ги има Бојан Крстевски, Хуан Дејвис, Дастин Вер и Роберт Рикиќ, како и 19-годишните Андреј Андоновски, Дарио Митевски, 18-годишните Димитар Иванов и Марко Спасовски и големата перспектива на МЗТ, 15-годишниот Бојан Величковски.

Во утрешното полуфинале, „сино-белите“ ќе ги одмерат силите против домашниот тим на Здравље (17.00 часот), додека во втората полуфинална пресметка ќе се сретнат Борац Чачак и Вршац.

Задутре, пак, ќе се играат средбите за пласман и тоа победниците за првото место на турнирот, а поразените за третата позиција.

Засилувањето на МЗТ Скопје најавува трофеи: Верувам дека можеме да ја одбраниме двојната круна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот