Фото: KK MZT Skopje Aerodrom

МЗТ Скопје Аеродром без Магдевски до крајот на сезоната

Натпреварот одигран во понеделникот против КК Тиквеш – Голден Игл им донесе бодови на кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром, но не и радост поради повредата на Андреј Магдевски, кој при еден од нападите кон противничкиот кош почувствува болка, падна и мораше да се пресели на клупата.

Актуелниот македонски шампион известува дека подоцнежните снимки и лекарски прегледи покажаа дека станува збор за потешка повреда на коленото, поради која го чека повеќемесечно отсуство, што значи дека ќе го пропушти останатиот дел од сезоната.

Ова, воедно, е и сериозен проблем за тимот на Васко Атанасов, особено ако се знае дека во моментов надвор од стројот поради повреди се и Војдан Стојановски и Андреј Маслинко.

Уште неколку првотимци имаат поситни проблеми кои се надеваат од клубот дека нема да ги спречат да ги одиграат средбите што нѐ очекуваат.

Следен предизвик за МЗТ е гостувањето кај КК Кожув, закажано за в сабота од 18.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот