МЖСПП издаде насоки за неопходните мерки за безбедно работење на депонијата „Русино“

Министерството за животна средина (МЖСПП) му издаде насоки за неопходните мерки за најбезбедно работење на депонијата „Русино“ кај Гостивар на Јавното претпријатие „Русино Полог“, оценувајќи дека ги исполнило условите.

Од МЖСПП за „Слободен печат“ велат дека како надлежен орган за работите што се однесуваат на следењето на состојбата на животната средина, меѓу кои и мерките за третман на отпадот, на заедничкото Јавно претпријатие “Русино/Полог”, како оператор на регионален систем што согласно закон може да го отстранува комуналниот отпад на локацијата во с.Сушица Гостивар, му издаде насоки за неопходните мерки за најбезбедно работење за контролирано депонирање на отпадот до комплетирање на инвестициите за целосно воспоставување на регионалниот систем, кои беа усвоени од управниот одбор на завчерашната седница.

– Имено, за неопходните мерки за најбезбедно работење за оваа локација Владата на РСМ веќе обезбеди средства, и воспоставена е основната инфраструктура за безбедно депонирање на комунален отпад, со цел оваа дејност заедничкото Јавно претпријатие “Русино/Полог” да може соодветно да ја врши сé до обезбедување на условите за издавање на дозволата за депонирање согласно членот 75 од законот, велат од МЖСПП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот