МЗ: Ревакцинирани 43,5 отсто од полнолетните граѓани

Вакцинација „Борис Трајковски“/ Скопје, - Фото: Слободен Печат. / Драган Митрески

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4953 дози вакцини, од кои 1282 се аплицирани како прва доза, 3064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани, соопшти Министерството за здравство.

Од граѓаните над 40-годишна возраст 52 отсто се ревакцинирании, а 32 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 47 отсто, а со две дози опфатени се 43,5 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот