МВР за еден ден казни 201 возач

Возач и сопатник се тешко повредени, а девет лица се здобиле со лесни телесни повреди во 11 од вкупно 24 сообраќајки регистрирани изминатиот викенд на подрачјето на Скопје, информираат од СВР Скопје.

Од сообраќај се исклучени 77 возачи, од кои петмина почетници, а 71 пред да се стекнат со право на управување моторно возило. Исклучени се од сообраќај и 52 возила, 50 нерегистрирани и две со претовар.

Издадени се 201 мерка за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 145 возила.

Полицијата санкционирала и 13 возачи за поминување крстосница на црвено светло, петмина за недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, тројца за неправилно престројување, двајца за неправилно престигнување.

Изречени се мерки за 37 возачи за користење мобилен телефон, 16 за неносење сигурносен појас…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот