МВР се реорганизира: „Алфите“ и ЈРМ се спојуваат во една единица

фото: Слободен печат

На денешната прес-конференција, министерот Оливер Спасовски потврди дека единицата за прв одговор „Алфа“ и единицата за Јавен ред и мир се спојуваат во една единица.

Спасовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека се прави нова реорганизација во МВР и дека овие две единици ќе работат како посебна интервентна единица.

-Точно е дека се прави реорганизација во МВР. Единицата „Алфа“ и единицата за јавен ред и мир сега се спојуваат во една единица која ќе работи како интервентна единица- рече министерот Оливер Спасовски.

За тоа кој ќе раководи со новата интервента единица ќе се знае до петок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот