МВР набави машина за печатење на лични документи
Министерството за внатрешни работи набави машина за печатење на лични документи, која, како што изјави министерот Панче Тошковски тројно ќе го зголеми капацитетот.
Препорачано

Тошковски денеска го посети одделението за персонализација во МВР каде беше промовирана новата машина за печатење на лични документи.
-Денеска ја пуштаме во употреба новата машина за печатење на лични документи која ја набави министерството за внатрешни работи и која тројно ќе го зголеми капацитетот и ќе го забрза издавањето на издавање на документи. Машината ги печати сите видови картични документи кои ги издава министерството за внатрешни работи како лични карти, возачки дозволи, картички за привремен претстој… Тоа во превод значи нема повеќе гужви какви што гледавме, нема повеќе нарушување на достоинството на граѓаните туку брзо и навремено издавање документи за секој граѓанин – изјави тој.

Министерот апелираше до граѓаните дека важноста на возачките дозволи со старото уставно име согласно со промената на законот која беше направена во февруари, e заклучно со 31 декември 2024 година и да го искористат преостанатиот период што побрзо да ја обноват својата возачка дозвола.


