МВР ќе го обезбедува чествувањето на гробот на Гоце Делчев, Ковачевски ќе ја предводи владината делегација

Гоце Делчев делегација 119 години од смртта (7)
Слободен печат - Драган Митрески

За одбележувањето на 4 февруари, денот на раѓањето на Гоце Делчев, Министерството за внатрешни работи (МВР) е задолжено да ги преземе сите мерки за обезбедување на настанот, согласно со препораките соопштени на вчерашната седница на Советот за безбедност, одлучи Владата на денешната седница.

Од Бугарија има најави за организирана посета на гробот на Делчев од страна на бугарски државјани, поради што претседателот Стево Пендаровски вчера оцени дека чествувањето на 4 февруари ќе биде настан од висок безбедносен ризик.

Според вчерашните најави од неколку владини функционери, на денешната седница се очекуваше да се расправа и за предлогот на претседателот Стево Пендаровски да се прогласи бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски и други Бугари за непожелни во земјава, поради отворено понижување и негирање на македонскиот народ.

Во владиното соопштение се наведува дека во делегацијата, којашто во име на Владата ќе присуствува во црквата Свети Спас во Скопје и ќе положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев, ќе бидат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот Артан Груби и министрите Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Бисера Костадиновска Стојчевска.

Дали чествувањето на роденденот на Гоце Делчев станува настан од висок ризик?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот