Основно јавно обвинителство - зграда / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

МВР и АНБ процениле дека Груби не е безбеден во „Шутка“ – Обвинителството се правда за куќниот притвор

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност, процениле дека поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој по повеќе од една година бегство, сам се појави на граничниот премин „Блаце“ и се предаде, немало да биде безбеден во притвор во „Шутка“, па затоа предложиле куќен притвор.

– Таквите услови во конкретниот случај беа исполнети, бидејќи по проценка на надлежните органи – МВР и АНБ постојат сериозни информации дека во притворското одделение не може да се гарантира личната безбедност на овој осомничен. Деталите во однос на ваквите загрозувања беа презентирани пред судијата на претходна постапка. За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид – се вели во реакцијата на Обвинителството.

Оттаму уверуваат дека Обвинителството е самостоен орган и дека постапува во согласност со законските надлежности, па апелира за воздржаност во коментарите.

-За обвинителството од исклучителна важност е што овој осомничен е обезбеден и за него продолжува кривичниот прогон за сомненијата за сторено кривично дело – Проневера во службата од член 354 од Кривичниот законик. За него беше спроведена финансиска истрага и се обезбедени најголемиот дел од потребните докази, во кои одбраната веќе врши увид – додаваат оттаму.

По повеќе од пет часа распит на Груби во Обвинителството, Обвинителството излезе со информација дека Груби нема да се врати во „Шутка“ каде што беше однесен по апсењето на „Блаце“, туку на судот му предложи наместо затворски притвор да му определи куќен притвор. Првичното образложение на обвинителството за ваквиот предлог беше дека се пријавил доброволно и дека не може да му се гарантира безбедноста во „Шутка“.

Судот го прати Груби дома на предлог на ОЈО, ама ќе му го земат пасошот за да не може пак да бега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот