МВР го снимило Боки 13 како оди дома кај Катица Јанева

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

На 1 јули лани, во попладневните часови Боки 13 е снимен како со возило „ленд ровер“ се упатува на улицата кадешто живееше обвинетата Катица Јанева.

Тајните агенти на МВР кои го следеле сега осудениот Зоран Милески Кичеец, во Охрид го снимиле како тој и негов пријател одат на забава со три девојки на возраст до 25-години во клуб во Охрид. Ова денеска во судница го кажа јавната обвинителка Вилма Рускоска, читајќи ги доказите од тајно направените снимки за потребите на случајот „Рекет“.

Во Скопје пак, друга екипа за следење на МВР го следела Бојан Јовановски. Тој неколку пати бил во МНТ, во ресторанот „Лајт“, а за цело време бил совозач, додека возач му било машко лице на возраст од триесетина години.

Со возило „ренџ ровер“, според тајните снимки направени од МВР за потребите на ОЈО, можеше да се види како Бојан Јовановски доаѓа и заминува од домот на неговите родители во населбата Тафталиџе 1, а бил снимен како се среќава со едно машко лице во скопско кафуле, бил снимен во „Рамстор“ во продавницата за накит „Ребека“ и во ресторан во Скопје.

На 1 јули лани, во попладневните часови Боки 13 е снимен како со возило „ленд ровер“ се упатува на улицата кадешто живееше обвинетата Катица Јанева, а бил снимен и на паркинг пред клиниката „Жан Митрев“ како разговара со машко лице.

Сите денешни презентирани материјали се дел од посебните истражни мерки, односно тајно снимање. Според обвинителството, снимките се направени во јуни лани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот