МВП играч од црногорската лига во Академија ФМП

фото: fmp.mk

Минатогодишниот МВП играч на црногорското првенство го засилува ростерот на Академија ФМП за натпреварувачката сезона 2020/21.

Стефан Крстајиќ кој минатата сезона со 25 индексни поени беше прв во првенството на Црна Гора доаѓа во македонскиот клуб од редовите на екипата на Приморје, каде што постигнуваше 22 поена, 5.6 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки по натпревар.

25-годишниот играч кој игра на позициите 1 и 2, во својата кариера има настапувано за екипите на Златибор од Србија и Приморје од Црна Гора, а за преминот во Академија ФМП изјавува:

После Србија и Црна Гора, ја продолжувам мојата кариера во Македонија и ми претставува големо задоволство што ќе го носам дресот на Академија ФМП. Успеавме за кратко време да се договориме, бидејќи препознав дека се работи за сериозен клуб, амбициозен и добро организиран.

Имаме добри услови за тренинг и мислам дека соработката со тренерот Петровиќ ќе ми помогне доста во понатамошната кариера. Се надевам дека ќе составиме добра екипа и ќе имаме успешна сезона со многу победи – се зборовите на Крстајиќ.

Претходно клубот се раздели со тренерот Владимир Мирковски, како нов играч беше промовиран Славчо Темелковски, а соработката ја продолжија Лука Стојановски и Рони Харис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот