Мутафчиски ги повика Бугарите: Не одете в црква, не е време за празници

Ги повикуваме сите бугарски државјани да не ги празнуваат Велигден и Цветници. Сега не е време за одмор и празници, изјави началникот на бугарскиот Кризен штаб против ширењето на коронавирусот, генералот Венцислав Мутафчиски на редовниот брифинг.

– Не правете никакви резервации во хотели бидејќи ќе имате сериозен проблем, ќе се заразите таму. Не одете на црковни служби, бидејќи таму ќе се заразите. Останете дома и со семејството, без да се собирате, туку само со оние што живеете, прославете го празникот. Не се потребни излегувања и прошетки, всушност не е дозволено, истакна Мутафчиски.

Тој нагласи дека мерките кои Владата ги има преземено со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 се добри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот