Муслиу: Не можеме да ја затвориме границата со Бугарија, не сме во вонредна состојба

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу смета дека Бугарија има погрешна стратегија во односите со Македонија.

-Во чествувањето, нашите институции имаат обврска да постапуваат согласно законот, ширум отворени очи и да реагираат на било каква провокација. од друга страна, нема друго што да направат. Не можат да ја затворат границата – ние не сме во вонредна состојба, па да кажат утре во Македонија не се влегува. Ние овде сме имале посебно безбедносни протоколи кога иделе важни политичари. Бугарскиот министер за внатрешни работи беше овде и мене лично неговиот настап ми беше за поздравување. Покажа дека и од бугарската страна има кооперативни политичари кои сакаат да ја спуштат топката. Исто така, ние не треба да дозволиме 15 бугарски видни личности да ги нарушат односите. Ние не треба да генерираме љубов од бугарската страна, туку да продолжиме со европската интеграција, рече Муслиу во емисијата „Топ тема“ на „Телма“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот