Мухиќ: Ме вџаши мотивот на бугарското вето, историчари тврдат дека цар Самуил е Ерменец што основал царство на македонска територија

Фото: youtube/printscreen

Апсурдно е да се негира нечија националност и да се крши нечие право на самоопределување што е содржано и во самата Конвенција за човекови права, нагласи универзитетскиот професор Ферид Мухиќ во „Само интервју“ вечерва на ТВ Канал 5.

– Ме вџаши мотивот на бугарското вето. Ако доброволно не го сменевме името, ќе ни беше наметнато. Со промените, немаме наша историја до седмиот век, а од тогаш некој сака да покаже дека историјата ни е заедничка со Бугарија. Тоа е нешто за што не треба да се разговара. И јас сум дел од изненадените во поглед на односот и мотивот на Бугарија за блокирање на почетокот на преговорите со Европската Унија. Тоа е несфатливо, рече Мухиќ.

Ги слушнавме, вели тој, „експлицитите кои говорат дека до 1944 година сме биле Бугари, а потоа Македонци“.

– Не се разговара за вакви прашања. Правото на самоопределување е суверено, а ова од Бугарија е експлицитно кршење на Конвенциите за човекови права. Иван Асен Втори е подемот на бугарската историја додека Цар Самоил е Ермен и своето царство го основал на македонска територија. Да не забворавиме дека Турција беше овде до 1911 година до кога немаме никаква заедничка историја. Ова е без преседан. Сепак, на ЕУ им одговара ова што го прави Бугарија и сметам дека генерално се земјите членки скептици кон Западен Балкан, потенцира универзитетскиот професор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот