Александар Белов со сопругата Јелена и ќерката Мина / Фото: Инстаграм/Александар Белов

Му ја скинаа кошулата и направија огномет кога се роди: Порасна ќерката на Александар Белов

На најнеобичен начин и оригинален начин, пејачот Александар Белов славеше кога му се роди ќерката Мина, на Василица во 2022. Мина сега има четири години, а на социјалните мрежи, Белов ги сподели честитките што ги доби за нејзиниот роденден.

Александар Белов неколку години живее во Крагуевац, а неговата сопруга Јелена, се породи во Клиничкиот центар во овој град во Србија.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Како што тогаш раскажа, убавата вест, тој ја дознал на многу необичен начин, среде негов настап за Стара Нова година, во еден клуб во Крагуевац. Тогаш пејачот раскажа дека кога им соопштил на гостите, според познатиот српски обичај, почнале да му ја кинат кошулата.

„Пеев во клубот за Стара Нова година, а Јелена требаше да се породи на 14-ти кога беше закажан царскиот рец, но ете, на бебето му се брзало. Ми придје еден од гостите за време на настапот, и ми нарача ја нарача песната ‘Пепелашка’ од Верица Шерифовиќ. ‘Знам дека е тоа женска песна, но станав татко’, ми рече човекот. Му ја исполнив желбата, му честитав и по две минути се случи. Ми стаса порака од Јелена: ‘Стана татко’. Веднаш им соопштив на бендот, и на сите гости во клубот. Стана уште повесело, се славеше, ми ја искинаа кошулата“,  изјави тогаш пејачот за „Женски магазин“.

Семејството на Александар Белов / Фото: Инстаграм/Александар Белов

Белов и неговата сопруга се сега посветени родители на Мина, и често објавуваат заеднички слики од нивните патувања и излети.

Александар Белов, кој публиката го засака по неговите успеси во регионалното музичко „Операција триумф“ раскажа дека со саканата се зближиле кога тој бил учесник во првата сезона од шоуто „Танц со ѕвездите“ во Скопје. Тогаш таа дошла да му биде поддршка на снимањето.

Александар и Јелена направија свадба во Крагуевац во 2019 година.

Интервју со Александар Белов, пејач: По „Операција триумф“ имав потенцијал за сериозна кариера, но потпишав договор што ми ги затвори сите отворени врати

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот