МПЦ-ОА ја следи ситуацијата со коронавирусот: Нема да има промена во практикувањето на верските обреди во црквите

МПЦ/ Фото: МИА

Презвитерот Бобан Митевски вели дека и црквата има свои препораки, меѓу кои да се избегнува поздравување и целување, но и да се дезинфицираат верските објекти.

Во верските објекти на МПЦ-ОА се следат препораките на Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението од заразни болести, но тие, според нив, се однесуваат  на тоа на едно место да не се собираат повеќе од 1.000 луѓе, а во црквата не се собираат толку.

Во препораките што ги усвои Владата за заштита на населението од корона вирус беше нагласено дека истите важат за сите, вклучително и за верските заедници, но, како што истакнаа од Владата, натамошното постапување останува на нив.

Презвитерот Бобан Митевски во изјава за Слободен печат објаснува дека и Црквата има некои свои препораки за актуелната ситуација.

– Препораките се да се избегнува поздравување и целување што го има во црквата, да се прави редовна дезинфекција на објектите – вели Митевски.

Презвитерот објаснува дека нема промени во практикувањето на црковните обреди, како што е на пример светата причесна.

– Во однос на причесната имаме работа со светоста. Тука нема промени. Инаку, зошто не би се менувало при сезонски грип на пример? Тоа е света работа – вели Митевски.

И од Комисијата за односи со верските заедници ја следат ситуацијата и препораките, но не одговараат дали во верските објекти се воведени некакви мерки за заштита на верниците кои ги посетуваат црковните храмови.

– Постојано одговорно ги следиме состојбите во државата и поширокиот регион, како и применетите мерки. Во овој момент апелираме секој граѓанин и секој верник со особена сериозност да се придржуваат до препораките од Министерството за здравство со цел лична и колективна заштита- вели директорот на институцијата Даријан Сотировски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот