Мото ГП: Квартараро незапирлив во Холандија

epa09305086 French MotoGP rider Fabio Quartararo of Monster Energy Yamaha MotoGP celebrate after winning the 2021 Dutch Motorcycling Grand Prix at the TT Circuit in Assen, The Netherlands, 27 June 2021. EPA-EFE/VINCENT JANNINK

Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на деветтата трка на годинешниот Мото ГП шампионат која се возеше за Големата награда на Холандија.
Младиот Французин на легендарната „катедрала на мотоциклизмот“ дојде до четвртата победа сезонава, а вкупно осма во кариерата. На второто место се пласира неговиот клупски колега од Јамаха, Маверик Вињалес, додека последното место на победничкиот подиум му припадна на Жоан Мир од Сузуки.


Борбата за победата изостана бидејќи Квартараро ги разреши дилеми уште во раната фаза од трката, тој одлично стартуваше и до седмиот круг се менуваше во водство со Франческо Бањаја од Дукати, по што возачот на Јамаха почна да се одвојува и до крајот на трката немаше закана за првото место.

Со новата четрта победа оваа сезона, Квартараро ја зголеми предноста во генералниот пласман, сега има 156 бода, 34 повеќе од второпласираниот Жоан Зарко и 47 повеќе од Бањаја. По оваа трка, мотоциклистите ќе имаат едномесечен одмор, а следната трка ќе се вози на 8. август на Големата награда на Штаерска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот