Москва: Америка во лаборатории во Украина создава „универзално“ биолошко оружје

Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Комисијата за контрола на руската државна Дума ја заврши истрагата за „биолошките активности за воени цели на Вашингтон во лабораториите низ Украина“ врз основа на наодите утврдени во текот на минатата година од руските Трупи за радијациска, хемиска и биолошка одбрана, пренесоа руските медиуми.

Во заклучокот од истрагата за наводните „американски биолаборатории во Украина“, кои Москва инсистира дека постојат, се вели дека „Вашингтон работи на „универзално“ биолошко оружје дизајнирано со генетски инженеринг да предизвика сериозни штети кај непријателите споредливи со оние што би ги предизвикала т.н. „нуклеарна зима““.

„САД имаат за цел да развијат универзално биооружје способно да ги инфицира не само луѓето, туку животните, како и земјоделските култури. Неговата цел вклучува, меѓу другото, нанесување голема и непоправлива економска штета на непријателот“, напиша комисијата во завршниот извештај.

Според руските пратеници, „тајната и таргетирана употреба на такво оружје во очекување на неизбежен директен воен судир може да им овозможи значајна предност на американските сили пред противникот, дури и против оние противници кои поседуваат други видови оружје за масовно уништување“.

„Ситуацијата ја прави уште посериозна фактот дека производството на такви биолошки агенси лесно може да се распредели низ различни индустриски ентитети кои можат да ги прикријат агенсите како производи за мирнодобска примена“, се наведува во документот.

Според извештајот, создавањето нови, уште понапредни биолошки агенси не ги отстранува опасностите од традиционалните биолошки оружја.

„Меѓу нив се агенсите како сипаници, антракс, туларемија и чума, кои може да бидат модифицираат за им се зајакнат смртоносните својства. Тука е објективната тешкотија да се утврди вистинската причина за појавата на заразни болести, кои можат да бидат и природни и вештачки,“ предупредува Комисијата на руската Дума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот