Моника Зајкова, пратеничка/Фото: Фејсбук

Моника Зајкова прашува: Зошто е проблем и мажите да засукаат ракави и да месат леб?

Претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова, вели дека во едно модерно општество се недозволиви наслови во медиумите како „Жените треба да ги засукаат ракавите“.

Таа во гостување на ТВ24 рече дека „немаме едукација од најрана возраст и родовата еднаквост се уште ја третираме како некаков феномен за кој треба да зборуваме“.

„За жал, живееме во време на патријахалните родови и имаме општество полно со стереотипи коишто треба да ги надминуваме. Едукацијата од најрана возраст за тоа што значи родова еднаквост и човекови права треба итно да се внесе во училишните програми. Домаќинките беа повикани да замесат леб, но не гледам проблем и мажот да замеси леб, особено не во ваква глобална транзиција, каде што жената и економски придонесува колку и мажот, можеби и повеќе во некои семејства, каде што и таа паралелно одговара на сите современи општествени текови“, рече Зајкова.

Во однос на сѐ позачестеното насилство врз жените, особено во семејствата, Зајкова вели дека голем дел од жените, особено во руралните средини, од страв да не бидат обележани, не се осмелуваат да пријават кога се жртви на вербален или физички напад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот