Момче прободено при расправија во викендица во каменичко

Фото: Илустрација

Дваесет и седумгодишно момче од Македонска Каменица е прободено во викенд куќа во Поточко маало во Македонска Каменица. Настанот кој е потврден од полициските служби се случил околу 4 часот изутрината, од каде велат дека причина за немилиот настан е расправија помеѓу повеќе лица.

Од полицијата информираа дека на 31 јули околу 4 часот во полициското одделение Македонска Каменица е пријавено дека по претходна расправија, со повреда од остар предмет во Итната медицинска помош  е примен Н.М.(27). По преземени мерки е утврдено дека лицето се здобило со повреда при расправија на повеќе лица во викенд куќа во Поточка маала, во село Тодоровци.

За целосно расчистување на случајот се преземени понатамошни мерки од страна на надлежните органи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот