Молеровиќ: Ја живееме четвртата дигитална револуција – не смееме да дозволиме да им ја крадеме иднината на нашите деца (ВИДЕО)

-Ја живееме четвртата дигитална револуција. За 4 месеци се направени промени кои што не се направени за 40 години. Како ќе се вклучиме во овој процес зависи од нашите капацитети. Се соочивме со исклучително предизвикувачка ситуација да воспоставиме систем на образование кој ни е непознат иако во светот десетина години се работи на он лајн учење, вели директорката на ОУ Гоце Делчев и мотивациски говорник Наде Молеровиќ во своето гостување во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-Треба да уживаме во процесот на учење на она што не го знаеме. Но за жал повеќето размислуваме – ако не знам треба да се срамам и да се чувствувам мизерно . Но тоа не е вистинскиот начин која е целта на учењето. Визијата, целта, вредностите мора д асе сменат затоа што се променија драстично условите. Иднината се менува толку брзо и не смее да дозволиме да им ја крадеме иднината на нашите деца, изјави Молеровиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот