МОЕ ЛЕТО | Ѓорѓиевски: Спанковци сме со сопругата и со малиот, на плажа одиме подоцна
Првиот одмор со другари му бил во средношколските денови во Охрид, открива актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за прв човек на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за „Мое лето“ на „Слободен печат“. Тој ни раскажа повеќе детали за тоа како ги памети одморите од неговото детство, тинејџерските денови, семејните одмори со сопругата и синчето Ведран, но и за тоа колку му се менувал одморот откако влегол во политиката.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Летото 2025 ќе биде едно поинакво лето за него, како што вели, нема премногу време за уживање пред локалните избори.
– Ова лето ќе биде малку поразлично за мене. Успеавме да украдеме малку време и заминавме на продолжен викенд неколку дена до Турција. За првпат бев во Анталија на инсистирање на мојот син. Многу убаво си поминавме. Толку ќе биде одмор за мене оваа година. Моите ќе ги испратам сами да уживаат некаде оваа година. За првпат без тато на одмор – вели Ѓоргиевски.
Сака да ужива на плажа, но вели дека не трча рано да фати место, за разлика од многумина.
– Ние сме малку поинакви во поглед на одењето на плажа. Еве, на пример за разлика од сестра ми, која трча што е можно порано да оди на плажа, ние сме спанковци. И јас и сопругата и синот сакаме убаво да се наспиеме на одмор, тоа ни е најважно, па на сметка на сонот одиме покасно на плажа и остануваме до покасно – низ смеа раскажува тој.
Гледајте ја новата епизода на „Мое лето“ вечерва со почеток во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.
Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.


