Фото: EPA-EFE/Chema Moya

Модриќ заминува, но Реал Мадрид повторно ќе има Хрват во своите редови?

Реал Мадрид тешко може да се замисли без хрватски фудбалер во тимот, а по заминувањето на Лука Модриќ, на „Сантијаго Бернабеу“ би можел да пристигне нов Хрват Анте Будимир.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Чаби Алонсо, кој треба да го преземе кормилото на „кралскиот клуб“, има сериозен интерес за напаѓачот на Осасуна. Будимир со своите игри одамна го надрасна клубот од Памплона, а Реал е подготвен да ја активира неговата откупна клаузула од 20 милиони евра. Сепак, во Мадрид сакаат да ја намалат сумата, па во зделката би можел да биде вклучен и млад фудбалер од академијата како Џејкоб Рамон или Лорен Агуадо.

Будимир, кој оваа сезона блесна со 21 гол и три асистенции во Ла Лига, не го крие задоволството што би можел да го облече белиот дрес. За него, Реал Мадрид е најдобриот клуб во светот, а според информациите, Алонсо е силно решен да го донесе на „Бернабеу“.

Иако има 34 години, Будимир би прифатил улога слична на таа на Хоселу од минатата сезона – искусен напаѓач кој влегува од клупа и прави разлика кога е најпотребно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот