„Мобилност Македонија” ќе ги одбележи Денот за подигнување на јавната свест за лицата со параплегија и мултипла склероза

Скопје / Фото: ЕРА EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија, како кровна организација на лицата со мултипла склероза и параплегија во Македонија, денеска во Музејот на македонската борба, ќе ги одбележи 14 мај – Ден за подигнување на јавната свест за лицата со параплегија во светот и 30 мај – Светскиот ден на лицата со мултипла склероза.

– Тоа се денови кога се преземаат активности со цел подигање на јавната свест за проблемите со кои се соочуваат лицата со мултипла склероза и параплегија и потребата од подобрување на нивните права за независен, самостоен и целосно интегриран живот во општеството, се наведува во соопштението од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија – Мобилност Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот