МНР упати вербална нота до Софија за навредите и простачкиот речник на европратеникот Џамбаски

Министерство за надворешни работи на Република Северна Македонија Фото: МИА

Попладнево македонското МНР упати вербална нота до бугарското МНР поради навредите и провокациите на европратеникот Ангел Џамбаски, објавени вчера на неговиот фејсбук-профил.

МНР преку нашата амбасада во Софија во нотата изразува крајно незадоволство од тврдењата, заканите и навредите во приземното обраќање на Џамбаски.

-Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на Република Северна Македонија. Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на Република Северна Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, стои во соопштението од МНР.

Оттаму бараат и очекуваат државното раководство, Владата и Министерството за надворешни работи на Република Бугарија да го осуди и да се огради од изјавите на Џамбаски.

„Изјавата на Џамбазки е говор на омраза и според сите меѓународни и билатерални договори има причина да се реагира. Мора да реагира и бугарската држава бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навредливи изјави кон народот и етничките заедници“, изјави денеска министерот Османи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот