„Мнозинство“ со 60! или со 65 пратеници?

Се претпоствува дека кворумот нема да биде спорен затоа што генерален договор за поделба на комисиите меѓу власта и опозозицијата постои според шемата 8-8-3-2.

Короната си го направи своето. Пратеникот Арбен Зибери од ДУИ е хоспитализиран со симптоми на Ковид 19 и не е во можност да гласа, а во меѓувреме пратеничката Јагода Шахпаска стана министерка. Со тоа, мнозинството од 62 пратеника на владеjачката коалиција се сведува на недоволни 60 гласа во Собранието на Македонија за да може непречено да функционира во натамошната работа.

Следна обврска е избор на работните тела на Собранието вкупно 21.

Премиерот Зоран Заев уверува дека и покрај тоа ќе има доволен број на гласови за избор на комисиите.

Останува нејасно дали Заев претпоставува дека кворумот нема да биде спорен затоа што генерален договор за поделба на комисиите меѓу власта и опозозицијата постои според шемата 8-8-3-2. Или осум комисии со кои ќе раководи СДСМ, осум комисии ѝ припаѓаат на ВМРО ДПМНЕ, три на ДУИ и две на коалицијата Алијанса и Алтернатива. Според оваа поделба, неразумно би било опозициската ВМРО ДПМНЕ да не гласа за своите претседатели на комисиите.

Но и без нив можно е премиерот да смета и на други гласови од сегашната опозиција.
Улогата на опозицијата во парламентарниот живот е секако многу важна за демократијата во една земја и оттаму и повикот на премиерот Заев на денот на одбележувањето на независноста до опозицијата да ги напушти теснопартиските интереси и активно да се вклучи во процесите на реформи кои земјата ќе ја приближат до ЕУ.

Од друга страна, пак, ВМРО ДПМНЕ од денеска се впушта во вонпарламентарна битка што отвора други дилеми, дали тоа ќе значи подолготрајно напуштање на Собранието или пак тоа ќе биде само тактички маневар за да ги остави партиите од власта самите да си обезбедат кворум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот