ММА тренер со нож ги тера борците да се движат околу кафезот! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/твитер

Џошуа Фабиа е еден од најконтроверзните тренери во ММА. Еднаков број експерти го сметаат за шарлатан и генијалец, а неговата „Школа за светска самосвест“ е по тоа што во истата тренира еден од најлудите и најкомпромисни борци во историјата, Диего Санчез.

Фабиа и досега имаше необични техники кои вклучуваат сеанси за борците да најдат внатрешен мир, со длабоки медитации..

А сега излезе видео кое се гледа како Фабиа ги брка своите студенти околу кафезот со нож во рацете за да ги придвижи.

Тој се најде под силна критика од ММА заедницата претходно оваа година која го нарече измамник откако му даваше совет на Диего Санчез во борбата против Мишел Переира.

Еден од советите беше: „Сенка! Стани сенка!” Санчез победи откако Переира го удри меѓу нозете, а тој одби да продолжи да се бори и ја доби победата поради дисквалификацијата на противникот.

На крајот од видеото Џошуа само уште ги советуваше борците дека: „Сè е нож!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот