Младите возачи брзо забораваат на главните сообраќајни правила

Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон, јадат или му се посветени на радиото. Сето тоа е нефокусирање, а последиците од истотот најчесто се фатални.

Сообраќајните незгоди се водечка причина за смртност на лицата на возраст од 15 до 19 години, а втора причина за смртност за лицата на возраст до 25 години кои директно или индиректно учествувале во сообраќајот. Имајки ги предвид наведените факти, со право може да се каже дека сообраќајните незгоди се црната чума на 21 век. Младите возачи пред сè имаат мало возачко искуство и затоа законски одреден период треба да возат во придружба на лице со поголемо возачко искуство. Но, кај нас таа „приказна“ е излитена. Родителите ќе му ги дадат клучевите од возилото на младиот возач, без да размислат дека со тој потег ја загрозуваат неговата и туѓата безбедност, вели експертот по сообраќај Стојан Петковски.

Според него, кај младите возачи постојана е расеаноста додека управуваат со возилото и не се фокусирани на целата „слика“ во сообраќајот.

– Нефокусираноста, расеаноста и невнимателноста го зголемува ризикот кај младиот возач да предизвика сообраќајна незгода. Истражувањата потврдуваат дека младите возачи нејчесто користат мобилен телефон, јадат или му се посветени на радиото. Сето тоа е нефокусирање, а последиците од истото најчесто се фатални. И полицијата вели дека возачите се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот. Тоа е резултат и на фактот што во вечерните и доцните часови, по улиците и магистралите имате возачи со година, две или три возачко искуство, кои возат брзи автомобили со неприлагодена брзина и не само за себе, туку и за другите возачи се опасност. Анализите покажуваат дека во најголем дел од тешките сообраќајки и во тие што има предизвикано само материјална штета учесници се токму младите возачи – тврди Петковски.

Дека младите целосно неспремни и наивно се учесници во голем број сообраќајки говорат и најновите две сообраќајки во кој жртва, повредени и сами учесници во сообраќајките се млади лица. Пред влез во кочанското  село Зрновци, мотоцикл  управуван од В.А.(18) од Зрновци, излетал од патот. По незгодата В.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош, а со полесни повреди се здобил и сопатникот С.П.(26) од селото Соколарци.

Прочитајте и...  Стабилизирана бројката на новозаразените на околу 10 отсто од тестираните, засега нема потреба од нови мерки

Претходно, битолчанецот О.П загина во тешка сообраќајка несреќа откако со електричен тротинет удрил во патничко возило. МВР информира дека несреќата се случила на крстосницата од улиците „8 Септември“ и „Арон Ароести“ во Битола. Во сообраќајката учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј (21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П. (26) од Битола. По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што им подлегнал на повредите.

Од МВР велат дека возачите се најзагрозена категорија на учесници во сообраќајот, но воедно истите генерално се и главните предизвикувачи на незгодите.

Изминатите десет години, според полициските анализи, загинале 735 возачи. 4.048 биле тешко повредени, а 23.640 возачи се здобиле со лесни повреди.

Прочитајте и...  Притвор и кривична пријава за десетте лица што нападнаа полицијци кај Чашка

Според анализата на МВР, најзастапени како предизвикувачи на сообраќајки се возачи на патничките возила и тоа 18.341 лице, а на второ место се мотоциклистите. За изминатите 10 години се случиле над 103.000 незгоди или 10.300 илјади незгоди на годишно ниво. Најголем број незгоди се случиле во 2010 година – 12.253 незгоди, а најмалку во 2019 година дури 8.248 незгоди. Околу 40 илјади незгоди се со потешки последици, а останатите 62 отсто се со материјална штета. Што се однесува до изречените глоби, изминатиот период наплатени се вкупно 111.184 казни, најголем број од нив изречени се токму минатата година дури 16.204.

Според РСБСП, статистиката покажува дека младите возачи почесто страдаат во сообраќајни незгоди предизвикани од возење под одвлечено внимание, што значи дека младите повеќе користат мобилен телефон, пишуваат пораки, консумираат храна, го подесуваат радиото, ја следат непосредната околина, прават козметичко средување, односно извршуваат голем број паралелни активности за време на возењето. Дополнително, младите возачи спаѓаат во групата возачи кои најмалку користат безбедносен појас.

Прочитајте и...  МВР: 528 прекршоци за неносење маска

„Младите возачи се во голем ризик од поспаност при возење, што е причина за предизвикување на илјадници сообраќајни незгоди секоја година. Младите се најмногу поспани во утринските часови или доцна во ноќта. Затоа, планирајте го своето патување, патувајте подготвени, одморени, правете повеќе паузи и консумирајте повеќе течности додека возете. Никогаш немојте да си препишувате големи цели и не ги преценувајте своите способности и не го потценувајте заморот“, велат од РСБСП.

Прочитај повеќе

Заев и Борисов телефонски разговараа за соработка меѓу двете земји

Слободен печат

Трамп: Бајден треба да се тестира за дрога пред дебатата

Слободен печат

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

Слободен печат

Македонец баран со меѓународна потерница е уапсен на Ќафасан

Слободен печат

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан: Зошто започнаа и како светот гледа на нив? (ВИДЕО)

Слободен печат

Заев: Никој нема да биде изоставен со четвртиот пакет мерки (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тринаесетгодишен малолетник извршил 13 тешки кражби во Струмица, Радовиш и Кочани

Слободен печат

Притвор и кривична пријава за десетте лица што нападнаа полицијци кај Чашка

МИА Агенција

Обоено грчкото знаме на Кастелоризо, Грција очекува Турција да го осуди инцидентот

МИА Агенција

Филипче: Регионот може да ги отвори границите со една изедначена политика во однос на PCR тестовите

Слободен печат

МВР: 528 прекршоци за неносење маска

Слободен печат

Полициски контроли во Гостивар – 101 сообраќајна казна

Слободен печат