Андреј Цековски / Фото: умно.мк

Младиот пијанист Андреј Цековски освои прво место на меѓународен натпревар и доби покана за настап во Њујорк

Младиот македонски пијанист Андреј Цековски постигна исклучителен меѓународен успех освојувајќи ја првата награда на престижниот натпревар „International Youth Music Competitions“. Андреј, кој е ученик во петто одделение во нижото музичко училиште при ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, триумфираше во категоријата „USA Classical Hobbyist“, објави „Умно.мк“.

Под менторство на професорката по пијано Марија Диманин-Богоевска, Цековски успеа да се истакне во силната конкуренција на млади таленти од САД, Кина, Австралија, Канада, Полска, Украина, Турција и многу други земји. Стручното жири во својата одлука го истакна неговиот впечатлив настап, нагласувајќи ја неговата техничка прецизност, музикалност и уметничка зрелост која ја покажал на сцената.

Андреј Цековски и професорката по пијано Марија Диманин-Богоевска – Фото: Промо

Овој голем успех за младиот пијанист не завршува само со признанието. Како победник во својата категорија, Андреј доби официјална покана во септември годинава да отпатува за Њујорк.

Таму, на свечена церемонија, ќе му биде врачена наградата, а ќе има и ретка можност да настапи во рамките на концертот на победниците.

Ова меѓународно признание е уште една потврда за високиот квалитет на македонското музичко образование и за огромниот потенцијал на новата генерација македонски уметници на светската сцена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот