Настанот е во организација на Агенцијата за филм

Младата публика ќе гласа за своите филмски фаворити во рамките на Европските филмски награди

Во Кинотеката на Македонија на 17 јануари (сабота) ќе се одржи Ден на млада публика, како дел од официјалната програма на „European Young Audience Award“ – престижна награда што претставува официјална категорија на Европските филмски награди (European Film Awards).

На настанот во Скопје ќе учествуваат 50-60 ученици од основни и средни училишта, кои истовремено со илјадници нивни врсници од цела Европа ќе ги гледаат номинираните филмови и ќе гласаат за својот фаворит. Победничкиот филм ќе биде прогласен истата вечер, во рамки на свечената церемонија на Европските филмски награди.

Покрај филмските проекции, програмата вклучува и интерактивни дискусии, насочени кон развивање критичка мисла, медиумска писменост и филмска култура кај младата публика.

Настанот е во организација на Агенцијата за филм, во соработка со Европската филмска академија (European Film Academy) и Кинотеката на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот