Млад скопјанец сакала да убие двајца познаници

Јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела убиство  и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

– Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во кочанското село Пантелеј, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените – соопшти ОЈО.

Јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот