Млад скопјанец бил алчен, а не многу умен – нашол паричник и со личната карта подигнал пари на шалтер во банка

Фото: Santeri Viinamäki / Wikimedia

24-годишен скопјанец доби кривична пријава откако нашол паричник на улица и со личната карта која била внатре, отишол во банка и подигнал пари, соопшти полицијата.

„Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Б.(24) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. Пријавениот, во мај 2022 година пронашол паричник и со личната карта на оштетеното лице на шалтер од банка успеал да подигне 15.600 денари од трансакционата сметка“, се вели во полицискиот билтен.

По преземени мерки и активности, тој бил идентификуван, додаваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот