Млад работник тешко повреден на градилиште во гостиварско

фото: градежни работници/илустрација

21-годишен работник од гостиварското село Чегране е тешко повреден на градилиште во близина на Гостивар, соопшти полицијата.

„Вчера (12 септември) во 15 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавено е дека, работејќи на објект во изградба покрај локалниот пат што ги поврзува гостиварските села Здуње и Дебреше, 21-годишниот А.М. од гостиварско Чегране се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”“, велат од полицијата.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар и Јавното обвинителство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот