Млад градежен работник од Крушево тешко повреден на објект во Битола

33-годишен градежен работник од Крушево вчера бил тешко повреден додека работел на објект во Битола, соопшти МВР.

„На 24.04.2023 во СВР Битола, од Клиничката болница Битола било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.К.(33) од Крушево. Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во зграда во изградба на улица „Илија Николовски – Луј” во Битола“, се вели во полициското соопштение.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот