Амбасадорот на Мјанмар во Обединетите нации, Кјо Мое Тун е отповикан, соопшти државната телевизија на Мјанмар, само еден ден откако ги повика ООН да ги искористат „сите расположиви мерки” за поништување на воениот удар од 1 февруари со кој беше соборена владата на премиерката Аунг Сан Су Чи.
Кјо Мо Тун зборуваше пред Генералното собрание на Обединетите нации во име на уапсената премиерка Су Чи и нејзината влада.
Државната телевизија објави дека „ја предала државата и зборуваше за неофицијална организација која не ја претставува државата, патем ги злоупотребува своите амбасадорски овластувања”.