Митрески од Битола: Економијата е на прав пат им помогнавме на бизнисите да ја пребродат кризата од коронавирус

Држава, нагласи тој, која овозможува услови за сите подеднакво, а не за малкумина како што тоа го правеше ДПМНЕ е држава во која сакаме да живееме.

Носителот од коалицијата „Можеме” во Изборната единица 5 – Јован Митрески, оствари повеќе средби со стопанственици во Битола, каде порача дека малите бизниси се столбот на нашата економија.

Држава, нагласи тој, која овозможува услови за сите подеднакво, а не за малкумина како што тоа го правеше ДПМНЕ е држава во која сакаме да живееме.

– Нашата програма се темели токму на ова, ред, правда, поредок, општество за сите, а не малкумина. Јавноста е сведок кој носи антикризни мерки за помош на работниците и економијата, а кој по налог на Мицкоски блокира средства од 90 милиони евра од Светска банка, изјави Митрески.

Јасно е, посочи тој, СДСМ носи сојузници, а ВМРО-ДПМНЕ носи непријатели.

– СДСМ нуди кадри кои државата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ нуди истрошени кадри на Груевски. Затоа на 15 јули граѓаните ќе го казнат незрелото, неодговорно и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, изјави Митрески. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот