Митрашиновиќ и Будуќност за титулата во женската регионална лига

Фото: kfsm.mk

Македонската кошаркарка Анџелика Митрашиновиќ и нејзиниот клуб Будуќност ќе играат во финалето на WABA лигата.

Црногорската екипа триумфираше во полуфиналниот дуел против словенечката Цинкарна од Цеље со резултат 70:60.

Капитенот на нашата женска сениорска селекција беше во стартните пет во победничкиот тим од Подгорица. Одигра 24:06 минути на паркетот и реализираше шест поени (2/9 за три поени), шест асистенции и два скока.

Противник во големото финале за трофејот во најсилното регионално женско натпреварување на Будуќност ќе му биде бугарскиот Берое.

Екипата од Стара Загора, која е домаќин на завршниот турнир, во вториот полуфинален меч беше поуспешна во бугарската пресметка со Монтана (82:68).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот