Самуел Садикарио и Петар Дејанов - Фото Слонбоден печат - Методи Здравев
Самуел Садикарио и Петар Дејанов - Фото Слонбоден печат - Методи Здравев

Митови и факти | Садикарио: И Македонија беше во комбинација за бомбардирање во 1999

Поради проблемите со бегалската криза предизвикана од воздушните напада на НАТО против СР Југославија, Македонија беше критукувана како се однесува со бегалците од Косово.

Американците дури размислуваа и да ја бомбардираат Македонија, но за среќа го пратија Ели Визел, со кој имав прилика да се видам тогаш, вели д-р Самуел Садикарио, кој на пошироката јавност ѝ е познат и како колумнист кој често коментира теми поврзани со мигрантите.
Во Митови и факти заедно со д-р Петар Дејанов, тој говори на повеќе теми, а се осврнува и на проблемите имиграција и безбедноста на Блискиот Исток.

– Mиграцијата е основен начин на живот во историјата. Римската империја нели, Хуни, Авари, Германи, сè се тоа миграциски народи кои постепено навлегувале (словените, мигрирале) и направиле држава. Змачи прво е миграција, а потоа е држава, кај што е постационарно. Меѓутоа и државата кога се формирала пак имало миграција, имало робови, робовите се сè миграциски. И еден интересен податок уште од Рим, Цицерон кога држел некој говор и вика, ние сме во Рим 80% синови и внуци на робови, што значи и ние сме некакви потомци на некои робови – вели Садикарио.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот