Дејан Василевски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Дејан Василевски - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Митови и факти | Дејан Ваневски: Со колегите од генерација зет да се однесуваме како со свои деца

Дејан Ваневски на гледачите на Митови и факти им дава исклучително добар приказ на состојбите во компаниите, кога е во прашање менаџментот со кадри. Тој работи како консултант за човечки ресурси и развој на организации, а за гледачите на Слободен печат ги подоткрива добро чувените тајни на неговата професија.

Дејан Василевски - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Дејан Василевски – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Ваневски вели и дека со помладите колеги треба да се однесуваме како со наши деца.

– Многу фирми викаат ген зет, предходно беше за милениалс, но сега се ген зет. Тие се кенкави, вакви, такви, не сакаат да работат, не примаат задачи, пукаат брзо под притисок и сè тоа. Ке те вратам на тоа време, 90-тите имаше гладни луѓе и стапката на навработеност беше 30%. (33 едно време) И во наше време, во тоа наше време, во тоа наше време, да најдеш работа значи дека не си гладен. Да имаш 50 денари или 100 денари вечер да искочиш во град, да испиеш едно пиво, ако испиеш две пива ти си богат. Денес, младите не се гладни. Од негде во Македонија зборам 2007-2008, од икс причини се смали тој гап на сиромаштја, не дека не постои, меѓутоа се смали, се редуцираше, се оптимизираше, бројот на вработени пораснава. Не зборам дека е одржливо сè ова, меѓутоа е така какво што е. И де факто младите вклучително и нашите деца, не се гладни на начин на кој што сме биле гладни. Тоа е едната димензија, втората димензија е опција – вели тој.

Ваневски советува и за тоа како да се однесувате на интервју за работа, како да го напишете ЦВ-то и како и во кои ситуации на вработен му се врачува отказ.

Целото интервју погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот