фото: МИА

Митинзите за поддршка на Додиќ завршија, неколку илјади луѓе се собраа на четири локации

На четири локации на меѓуентитетската линија на поделба денеска се одржаа собири под мотото „Границата постои“, во знак на поддршка за претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик, против кого Обвинителството на Босна и Херцеговина поднесе тужба за неспроведување на одлуките на високиот претставник во Босна и Херцеговина.

Протестите се одржаа на меѓуентитетската линија на поделба во Источно Сараево, во населбата Добриња, во Добој, во Прибој кај Лопар на патот што води кон Тузла, како и на главниот пат Невесиње-Мостар. Протестите завршија без инциденти.

На протестите се собраа по неколку стотици луѓе, а половина час сообраќајот беше блокиран на неколку автопати меѓу РС и Федерацијата Босна и Херцеговина.

Се на се, неколку илјади луѓе се собраа на четири локации, иако СНСД го организираше превозот на своите активисти од соседните општини и им нареди на вработените во јавните претпријатија да присуствуваат.

Од двете страни на линијата меѓу ентитетите, во РС и Федерацијата Босна и Херцеговина, за време на митингот во Источно Сараево, беа распоредени десетици полицајци, а снајперисти беа распоредени и на покривите на куќите на територијата на РС.

На состанокот во Источно Сараево присуствуваа и премиерот на РС Радован Вишковиќ, министерот за внатрешни работи на РС Синиша Каран, министрите во Советот на министри на БиХ Сташа Кошарац и Ненад Нешиќ и градоначалникот на Источно Сараево Љубиша Ќосиќ.

На протестниот собир во Добој, каде се собраа најголем број луѓе, присуствуваа и српската членка на Претседателството на БиХ Жељка Цвијановиќ, министерот за финансии на БиХ, Срѓан Амиџиќ и портпаролот на СНСД, Радован Ковачевиќ.

Учесниците на митинзите носеа транспаренти со ликот на Милорад Додик, но и на рускиот претседател Владимир Путин.

Поединци носеа маици со мотото на паравоената група Вагнер, напишано на руски „Нашата работа е смртта и бизнисот оди добро“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот