Проверка на факти: Колку навистина е опасен канабисот?

Фото: Pexels/ Alexander Grey

За канбисот сè уште постојат многу дезинформации, и покрај тоа што веќе е легализиран во голем број земји во светот.

Во државите како на пример Канада, Јужна Африка и во неколку Американски држави, веќе е одобрена рекреативната употреба на супстанцијата.

Германската влада, исто така, објави нацрт-закон, кој ќе овозможува ограничена легализација за возрасни. Сепак, во многу делови од светот, поседувањето и консумирањето канабис е забрането и често строго казнувано, пишува „Дојче веле“.

Тимот за проверка на фактите на „Дојче веле“, истражува и разговара со експерти, за да разјасни некои од најпопуларните митови поврзани со канабисот.

Фото: Pexels/ rdne stock project

Дали канабисот е портата за експериментирање со посилни дроги?

Теоријата дека консумацијата на канабис, води до употреба на потешки и поопасни дроги е веројатно еден од најчестите случаи против легализацијата, како и еден од најстарите. На социјалните мрежи, поддржувачите на легализацијата генерално се спротивставуваат на тврдењето.

Некои студии покажале дека постои корелација помеѓу употребата на канабис и подоцнежната употреба на посилни наркотици. Колку порано и почесто луѓето користат канабис, толку е поголема веројатноста за подоцнежна употреба на други недозволени дроги.

Сепак според експертите, иако теоријата дека канабисот е порта за користење на посилни дроги, постојат и многу други фактори на ризик за употреба на недозволени дроги, кои треба да се земат предвид. Поради тоа потребни се уште многу истражувања, а засега, тврдењето дека поради канабисот се започнува со употреба на посилни дроги, останува недокажано.

Дали алкохолот е поопасен од канабисот?

Често се тврди дека алкохолот е многу поштетен од канабисот. Во неколку објави на социјалните мрежи и написи во весници се споменува студија која тврди дека алкохолот е 114 пати поопасен од канабисот.

Ова тврдење не е релевантно, бидејќи посочената бројка никаде ја нема во наведената студија, која само покажува дека ризикот од фатално предозирање со алкохол е поголем од оној на фатално предозирање со канабис.

Експертите велат дека дејството на канабисот започнува набргу по пушењето, па силата на интоксикација предизвикана од него може да биде подобра во споредба со алкохолот, со што се намалува ризикот од предозирање. Меѓутоа, „кога канабисот се конзумира како пециво, може да дојде и до предозирање“.

Тие сметаат дека различните опојни ефекти на алкохолот и канабисот доаѓаат со свои опасности, додавајќи дека е важно да се земат предвид и ефектите врз социјалната средина и менталното здравје на корисникот.

Негативните ефекти од консумирањето алкохол врз телото се одамна докажани, додека пак е тешко, јасно да се проценат здравствените ризици од канабисот, поради неговите различни форми на употреба.

Значи, предозирањето со алкохол е поверојатно од канабисот. Но, и двете супстанции можат да го загрозат физичкото и менталното здравје на корисниците и да имаат негативно влијание врз нивната околина, дури и во мали количини. Оваа опасност тешко може да се спореди со тврдењето дека алкохолот е 114 пати поопасен од канабисот, па затоа е погрешно.

Дали може да умрете од прекумерна употреба на канабис?

Според истражувањата, ниту една смрт од предозирање, што се случила досега, не била припишана исклучиво на канабисот. Американскиот центар за контрола и превенција на болести исто така наведува дека „фаталното предозирање е малку веројатно“

И покрај ова, употребата на канабисот како причина за смрт, останува предмет на дискусија и предмет на научни студии. Ескпертите велат дека „смртоносната доза за канабис е многу, многу висока. Малку е веројатно дека човекот ќе внесе толку многу“.

 

Со оглед дека некои студии укажуваат на врската помеѓу употребата на канабис и зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, не може да се исклучи можноста консумацијата на канабисот да стане опасна по живот.

Дали канабисот ги убива мозочните клетки?

Како канабисот или марихуаната  влијаат на мозокот? Во 1970-тите, психијатарот Роберт Хит, од Медицинскиот факултет на Универзитетот Тулејн во Њу Орлеанс, се најде на насловните страници откако спроведе експеримент на резус мајмуни за кој рече дека докажал дека употребата на марихуана ги убива мозочните клетки.

Квалитативното спроведување на експериментот беше силно критикувано, а резултатите од студијата подоцна беа побиени од истражувачите од Националниот центар за токсиколошки истражувања во Арканзас.

До денес, студиите за долгорочните ефекти на канабисот врз структурата на мозокот кај луѓето покажаа спротивставени резултати.

Експертите знаат за непосредните, краткорочни ефекти на канабисот. Постојат добри докази дека одредени ментални способности се нарушени по акутна употреба на канабис, како што се краткотрајната меморија, психомоторната координација или распонот на вниманието.

Со хронична употреба, овие ефекти може да траат со денови. Сепак, се чини дека тие се реверзибилни по неколку недели апстиненција.

Но, не може да се негира дека употребата на канабис може да ги оштети младите мозоци, бидејќи мозокот значително се развива за време на транзицијата од детството во зрелоста.

Истражувањата предупредуваат дека употребата на марихуана пред 18-годишна возраст може да влијае на тоа како мозокот создава врски за функции како што се внимание, меморија и учење, но исто така нагласува дека ефектите од употребата на марихуана врз мозокот зависат и од многу други фактори.

Потребни се дополнителни истражувања за сопствениот систем на канабис и влијанието врз телото. Досега се откриени повеќе од 140 канабиноиди, а за повеќето од нив, ефектите сè уште не се проучени.

Погледнете го видеото со наслов „In Good Shape: Drugs — Legal and illegal highs“, во кое се истражува светот на супстанциите што го менуваат расположението на луѓето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот