Мистериозно исчезнување на Хрват во Германија, семејството тврди дека им се јавил од болница

Исчезнат Хрват во Германија / Фото Германска полиција, Исчезнати лица

46-годишниот Хрват Горан Врбанац исчезнал во Германија пред четири дена откако наводно доживеал сообраќајна несреќа со неговото возило Ауди А3. Како што дознава магазинот Феникс, Врбанац живеел во германскиот град Фројденштад.

Во саботата заминал за Загреб и контактирал со семејството околу 17 часот. Во неделата наутро ги контактирал од болница и рекол дека доживеал сообраќајна несреќа.

На страницата „Исчезнати“, полицијата објавила негова фотографија и опис. Врбанац е висок 185 сантиметри, со средна градба, кафени очи и овално лице. Има и тетоважа со трилисна детелина со натписот Патрик на левата нога. Не е сигурно дали влегол во Словенија бидејќи, според некои информации, не купил вињета за таа земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот