Мистерија во Јапонија: Опасни стрептококни инфекции се искачуваат на рекордно ниво

Фото: Pexels/ Christiano Sinisterra

Експертите предупредуваат дека ретка, но опасна бактериска инфекција се шири со рекордна брзина во Јапонија, а властите се борат да ја идентификуваат причината.

Бројот на случаи во 2024 година се очекува да ги надмине минатогодишните рекордни бројки, додека расте загриженоста дека најтешката и потенцијално смртоносна форма на стрептококна болест од групата А – стрептококен токсичен шок синдром (СТСС) – ќе продолжи да се шири, откако неговото присуството во Јапонија беше потврдено.

Националниот институт за заразни болести (НИИД) соопшти: „Сè уште има многу непознати фактори во врска со механизмите зад фулминантните (тешки и ненадејни) форми на стрептокока, и не сме во фаза каде што можеме да ги објасниме.

Привремените бројки објавени од НИИД забележале 941 случај на СТСС кои биле пријавени минатата година. Во првите два месеци од 2024 година, веќе се регистрирани 378 случаи, при што инфекции се идентификувани во сите освен во две од 47-те префектури во Јапонија.

Додека постарите луѓе се сметаат за изложени на поголем ризик, сојот од групата А води до повеќе смртни случаи кај пациенти под 50 години, велат од НИИД. Од 65 лица под 50 години на кои им беше дијагностицирана СТСС помеѓу јули и декември во 2023 година, околу една третина, или 21, починале, објави весникот Асахи Шимбун.

Повеќето случаи на СТСС се предизвикани од бактерија наречена streptococcus pyogenes. Попознат како стрептокока А – може да предизвика болки во грлото, главно кај децата, а многу луѓе го имаат без да знаат и не се разболуваат.

Но, високо заразните бактерии кои предизвикуваат инфекција може, во некои случаи, да предизвикаат сериозни болести, здравствени компликации и смрт, особено кај возрасни над 30 години. Околу 30% од случаите на СТСС се фатални, пренесува Гардијан.

Постарите луѓе може да доживеат симптоми слични на настинка, но во ретки случаи, симптомите може да се влошат и да вклучуваат тонзилитис, пневмонија и менингитис. Во најсериозните случаи може да доведе до откажување на органите и некроза.

Некои експерти веруваат дека брзиот пораст на случаите минатата година е поврзан со укинувањето на ограничувањата наметнати за време на пандемијата на коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот