Минусни температури утрово во поголем дел од земјава

Попова Шапка
Попова Шапка / Фото: МИА

Температури под нулата утрово се измерени во поголем дел од земјата. Најстудено е во Берово со температура од -8 Берово, -7 во Попова Шапка, -6 Крива Паланка, -4 Маврови Анови, Kрушево, Куманово, -3 Скопје-Петровец, Битола, Штип, Струмица, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Прилеп, Демир Капија, Виница, Гевгелија, -1 Охрид, Дебар и 0 степени во Дојран.

Најмногу снег има  на Попова Шапка каде снежна покривка утрово во 7 часот изнесува 42 сантиметри, 34 во Крушево, 32 Маврови Анови, 16 Ѓуриште, 10 Битола, 7 Пожаране и 4 сантиметри во Претор и Берово.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и јужните делови ќе има локални врнежи од дожд и снег, на планините и на повисоките места само од снег.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од слаб дожд. Максималната температура ќе достигне до 9 степени. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот