Фото: Слободен печат, Драган Митрески

Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантни возила

Министерството за здравство планира да набави 100 амбулантни возила за болниците во државата, планот треба да помине на Влада, изјави денеска во Куманово министерот за здравство Арбен Таравари, кој очекува наскоро да почне процедурата.

Модерните возила, како што соопшти, ќе се распределат низ болниците во државата, поголемите и онаму каде што има најголем недостаток.

– Инаку од 2014 година, за жал, не се набавени возила мислам од Министерството за здравство. Има возила коишто ги набавиле на пример, самите болници или пак донации од општествено-одговорни компании, како што денеска е случајот со „Балкан груп“ – изјави Таравари за време на посетата на болницата во Куманово.

Тој нагласи дека има недостаток на доктори, средномедицински и технички персонал насекаде во државата, но, како што рече, 1.800 вработувања во здравствениот сектор е „инфузија“.

– Сите болници имаме недостаток на кадар, каде и да одите во Македонија од Гевгелија до Гостивар, од Охрид до Куманово, од Велес до Штип, секаде до Кичево, секаде има недостаток на кадар. Знаете дека сме започнале, веќе 250 специјализанти се вработуваат, за средномедицинскиот кадар тече постапката да се трансформираат работните места од договор во решенија. 1.800 вработувања за една година, никогаш не се случило во Македонија во здравствениот систем – рече Таравари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот