Министерство за Здравство/ Фото Архива на Слободен печат

Министерството за здравство најавува: Ќе се реновираат 34 јавни здравствени установи

Министерството за здравство почна постапка за реновирање 34 здравствени установи и набавка на опрема за нивните потреби. На 6-ти овој месец, како што информираат од Министерството, е објвен тендер за градежно-занаетчиски услуги за тековно одржување на здравствените објекти и набавка на болнички кревети и ТВ приемници за потребите на 34 здравствени установи во Македонија.

„Со цел зајакнување на капацитетите на здравствениот систем, Министерството иницира активност за подобрување на условите во здравствените домови и другите објекти од здравството на Република  Македонија“, стои во соопштението.

Со цел да се подобрат условите во кои се даваат примарните здравствен установи ќе се направи комплетно молерисување на сите внатрешни простори со материјали и бои што се користат за ентериери во болници и други јавни простории и истите овозможуваат соодветно одржување и чистење, поправка и репарирање внатрешни врати и прозорци и замена на ѕидни и подни плочки и замена на галанетрија во тоалети, како и набавка на нови болнички кревети и телевизори во болничките соби.

„Со реновирањето на здравствените установи низ целата држава, на медицинскиот персонал ќе им овозможиме подобри услови за работа, но и подобри и подостоинствени услови на пациентите за престој во болница“, наведуваат од Министерството за здравство.

Од Министерството ги повикуваат сите заинтересирани економски оператори што имаат интерес за учество да ја погледнат целокупната документација во Електронскиот систем за јавни набавки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот