Министерството за здравство им „крчка“ на дијабетичарите понеточни апаратчиња за мерење шеќер

Profimedia
Фото: Профимедиа

Сојузот на здруженија на лица со дијабетес ја повикува Комисијата за јавни набавки во Министерството за здравство да не ги менува глукометрите со понеточни, со што би страдале пациентите со дијабетес тип 1.

„Конечно здравјето на децата и на граѓаните нека ви стане приоритет, а не декларација“, велат оттаму.

Сојузот е незадоволен што Комисијата за јавни набавки при Министерството за здравство, му дозволила на добавувачот на глукометри има намален критериум за точност за тест лентите и глукометрите кој треба да е строг.

„Комисијата за јавни набавки скришум ја отвора вратата за повторна набавка на истите тест ленти и глукометри како и во претходните тендерски набавки од 2016, 2018, и 2020 година. Ја повикуваме Комисијата за јавни набавки на задржување на првичната спецификација со веќе поставените строги критериумите за точност при набавка на глукометри наменети за лица со дијабетес мелитус тип 1. Само на овој начин здравството може да се искачи на повисоко ниво, пациентите ќе добијат поквалитетна и унапредена здравствена заштита. Денес кога медицината и нејзиното практикување ја зголемуваат можноста преку современите достигнувања за попозитивни исходи во контролата на дијабетесот, намалување на ризиците и другите несакани последици по здравјето и генералната здравствена состојба како на поединците така и на општеството во целина (впрочем како што посочува Законот за здравствена заштита на РСМ) веќе навистина е безпредметно да правиме повторни грешки“, велат оттаму.

„Слободен печат“ се обрати до Министерството со прашање зошто тендерот ќе му го дадат на економски оператор кој ќе понуди понеточни глукометри ама одговор не добивме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот