Министерството за правда реагира на укинатата пресуда за организаторите на 27 април

Министерство за Правда/ Фото: Влада на СРМ

Министерството за правда попладнево се огласи со реакција, откако Апелацискиот суд во Скопје ја укина првостепената пресуда во случајот „Организатори на 27 април“, во кој беа осудени поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Еве ја во целост реакцијата на Правда:

„Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судии. Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Го повикуваме со најдобра намера Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка, вклучувајќи и дисциплинска, ако се уврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво“, велат од министерството.

Апелација ја укина пресудата за Јанакиески, Вељаноски и Ристовски за организирањето на 27 април

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот