Министерство за здравство: Вакцинацијата се одвива непречено, вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани

фото Слободен печат

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, соопштија денеска од Министерството за здравство, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 652.340 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 13.398 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 17.099 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.152.274 дози вакцини, а ревакцинирани се 499.934 граѓани.

„Со последните бројки 70 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 67 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 63 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 54 проценти од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“ се наведува во соопштението од МЗ.

Како што стои во соопштението, граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Процесот на теренска вакцинација, се подвлекува, се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Од МЗ посочуваат дека децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот