Министерски форум: Борбата против тероризмот е приоритет, најефективен одговор е соработката

фото: МИА, министерски форум ЕУ – Западен Балкан

Борбата против тероризмот е врвен приоритет, а за да се постигнат резултати важна е соработката, ова е глвната порака од министерскиот форум „ЕУ Западен Балкан“ кој што денеска и утре се одржува во Скопје. Според министерот за внатрешни на Кралството Шпанија, потребен е акциски план против тероризмот со оглед на состојбите на Блискиот Исток и руската агресија врз Украина.

-Овој нов состанок ја потврдува силата на оваа бирегионално пријателство кое ќе има и новo достигнување со самитот на претседатели и премиери, кој ќе се одржи во декември. Денес, никој не се сомнева во недвосмислената европска вокација на Западен Балкан, проект кој е еден од приоритетите на Шпанското претседателство на Советот и за кое посветено работиме да го консолидираме и да го засилиме, истакна шпанскиот министер Гомез.

Во однос на темите кои денеска беа дискутирани на Форумот, Гомез ја издвои борбата против тероризмот како врвен приоритет во моментов.

-Ние споделуваме многу јасна цел, борбата против тероризмот, што е наш врвен приоритет во моментот, како што се сложивме денес на самитот. Исто така, се согласивме дека најефективен одговор е оној базиран на соработка и кооперација. Начинот кој треба да го следиме е оперативна полициска соработка, која веќе има една важна алатка – Заедничкиот акциски план против тероризам за Западен Балкан, рече Гомез.

Европската унија ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан на патот кон ЕУ, но фундамент се владеењето на правото и борбата против корупција, посочи еврокомесарката за внатрешни работи Јохансон.

-Партнерите од Западен Балкан се дел од европското семејство. ЕУ ќе продолжи да го поддржува Западен Балкан на нивниот пат кон пристапување во ЕУ. Континуираните реформи во областа на владеењето на правото и борбата против корупцијата се фундаментални. Денеска имавме многу добра дискусија за зајакнување на нашата соработка за управување со миграцијата, борбата против трговијата со дрога и борбата против тероризмот, порача Јохансон и се заблагодари на министерот Спасовски и Северна Македонија за домаќинството како и до шпанското претседателство со ЕУ.

Министерот Спасовски изрази задоволство што Република Северна Македонија, за само неколку години, денеска повторно ги отвори вратите како домаќин на овој исклучително значаен Министерски форум, на кој се разменија мислења што ќе придонесат кон зајакнување на соработката и зацврстување на заедничките политики.

-Зборот заедништво се провлекуваше низ сите дискусии, што е уште еден показател дека не случајно сме собрани овде сите заедно – затоа што креирањето на заедничките политики е само предуслов за заедничко функционирање во рамки на ЕУ. Вратата е отворена, а ние решително чекориме напред, рече Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот